Нови регистарски таблички или налепница со „НМК“? – Спасовски не одлучил сѐ уште: Разгледуваме неколку опции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните се уште ја чекаат одлуката на МВР во врска со тоа дали  граѓаните треба да ги променат регистарските таблички на автомобилите со новото име на државата или не. Пред 2 месеци министерот Оливер Спасовски рече дека се разгледува можноста за користење на налепница со кодот НМК.

Иако беше кажано дека наскоро ќе се донесе одлука, се уште не се знае дефинитивно дали граѓаните ќе заштедат 1500 денари, со тоа што нема да ги променат регистарските таблички туку само ќе се стави налепница со кодот НМК.

Уште еднаш го прашавме министерот Спасовски, но тој вели дека се уште не е донесена одлука.

Оваа промена треба да се случи до февруари следната година, поради промената на уставното име на државата од Македонија во Северна Македонија. Овие измени се очекува да ги спроведат 490 илјади сопственици на автомобили во земјава. Доколку се одлучи за промена на регистарските таблички, тогаш за новите таблички граѓаните ќе треба да платат 1500 денари, во буџетот ќе влезат 12 милиони евра.