Уставниот суд повикува медиуми за проследување на протоколарни средби, но новинарите не сака да ги прими во зградата.
„При влез во Уставниот суд новинарите беа спречени да пристапат до судот, а зошто тоа е така одговор не добивме“, вели репортерот на ТВ21.
Средбата меѓу холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп и претседателот на Уставен, Сали Мурати помина во тајност.
Ова не е прв пат. И на средбата на претседателот на Уставен суд Мурати, и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, медиумите беа избркани од зградата на Уставниот суд на минусни температури.
Тогаш реагираше и Здружението на новинари од каде го осудија однесувањето на вработените од Уставен кон новинарите.
„Здружението на новинарите на Македонија го осудува однесувањето на вработените во Уставниот суд кои на недозволив и неевропски начин ги третираа новинарските екипи. Овој инцидент е дополнително недозволив кога се знае дека токму Уставниот суд е оној кој треба да биде главен заштитник на слободата на говорот. Го повикуваме Судот во иднина да обезбеди достојни услови за работа на новинарите и да не поставува негативен пример во општеството за односот институција – новинари“, велат од ЗНМ.
Уставниот суд е јавна институција платена од граѓаните и затоа треба и да одговори на прашањата од новинарските екипи бидејќи тие ги претставуваат граѓаните.
