Новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ ќе пристигнат во мај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов истакна дека поради пандемијата, и затворените граници доцни испораката на новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“.

Во мај треба да пристигнат единечни и зглобни автобуси, произведени од германската компанија „МАН“.

Според договорот потпишан во септември 2019 година, ќе бидат набавени 33 нископодни автобуси, 21 единечен со капацитет за 81 патник и 12 зглобни за 149 патници.

Во автобусите ќе има дополнителна опрема, како вградени полначи за телефони. Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво во споредба со двокатните кинески и воопшто нема да загадуваат, бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.