Новите рестриктивни мерки „тропнаа на врата“ – угостителите обвинуваат, ова е само фарса, Владата нема почит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Угостителите се плашеа од новите дополнителни мерки, но тие им чукнаа на  врата . Она од што се плашевме се случи. Денеска бевме само гости во Комисијата за заразни болести, каде ни беше кажано дека се планира угостителските објекти да бидат затворени во 18 часот, реагира претседателот на Независната угостителска комора

„Она што го претпоставувавме се случи. Ниедно од нашите барања не само што не беше разгледано, дискутирано или дебатирано или овозможена натамошна дискусија, сите  барања претпоставуваме беа отфрлени Ад Хок, затоа што решението за денешното затворање односно ограничување на угостителските објекти беше донесено пред време“, истакна Здравко Јосифовски.

Ова е само фарса пред јавноста, и се докажа дека одлуките што Владата ги  наумила без разлика на реалноста ќе бидат донесени, потенцира Јосифовски. Потсети дека нивното барање е да им и да се дозволи, барем за Нова Година да работат до 01 часот, за да може како што вели, граѓаните достојно да ги  обележат новогодишните празници. Угостителите реагираат на  немањето како што велат, почит од Владата, која од една страна го ограничува нивното работно време, а од друга страна им прави финансиска штета и проблеми.

„Но факт е дека ако ја прифати оваа препорака, Владата  треба да размислува на кој начин и дали ќе ги надомести штетите што ќе резултираат од ограничувањето на угостителските објекти… Штетите веќе не може да ги процениме“, посочи Здравко Јосифовски.

Парите што државата им ги додели преку економските пакети, беа доволни само за исплата на плати на вработените, но не и за санирање на огромните штети се жалат сопствениците.

„Јас мислам дека не беше доволно бидејќи помошта е дадена само за вработените, а сега јас како бизнис, сопственик или менаџер, немав помош. Да, тргнаа една грижа што ни ги покрија работниците со плата меѓутоа јас како сопственик или како бизнис, од кој зависам, бидејќи немам и други бизниси, останав ни ваму ни таму“, додава Јетон Синани.

Угостителските објекти не се извор на зараза, со исклучок на тие кои не ги почитуваат протоколите потенцираат  од овој еснаф.