Во моментов кога повеќето компании бараат зголемување на цените за парно греење и до 50%, ЕСМ, која снабдува 90% од жителите на Скопје, останува исклучок, дознава ТВ21. Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), изјави дека поволните цени на природниот гас би требало да влијаат на одржувањето на постоечките цени на парното греење.
-Имаме поволно цени за приоден гас, очекувам дека тоа ќе влијае на цената на парното, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.
Новина од оваа година е што веќе ги нема субвенциите, но пак за разлика од лани просечната цена на гасот е значително пониска. РКЕ е во процес на приготвување за главната седница на која ќе се одлучува за цените, закажана за понеделник. Еден од предизвиците за системот на централно греење во Скопје е поставувањето на новата топловодна цевка на мостот „Беласица“.
Кога ЕСМ ќе ја постави новата топловодна цевка под овој мост, не успеавме да добиеме информација од прес службата. Ниту директорот не одговори на нашите прашања. Таму се чека новата Влада да постави ново раководство.
Во моментов се користат алтернативни начини за пренос на топлинската енергија, но таа е со намален капацитет. Па доколку се случи, зимата да биде со температури длабоко под нулата, тогаш граѓаните би останале со ладни радијатори.
За подобро да се искористат постоечките ресурси, РКЕ предложила измена на законот кој би обврзал секоја нова зграда во своето одобрение за градба да наведе начин на греење, со задолжително приклучување на централниот систем доколку е можно.
-Не може да проаѓа цевка за парно на сто метри од некоја зграда, а таа зграда да не се приклучи. И да им вели на граѓаните на струја да се приклучи. Значи ако имаме инфраструктура за топлинска енергија, ќе се греат на топлинска енергија, ако има инфраструктура за гас, таму ќе се користи гасот повеќе. Ако има, ако нема во ред е да се користи електрична енергија, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.
Над 90 насто од корисниците во Скопје парно добиваат од ЕСМ која обединува три фирми со снабдување, производство и дистрибуција на топлинска нергија. Во системот е и Топланата Скопје север и енергетика.
