Кристијано Роналдо веројатно ќе ја заврши својата кариера без освојување на трофеј од Мундијалот, откако вечерва неговата Португалија беше елиминирана од Мароко во 1/4 финалето на Светското првенство во Катар.
Мароко со тоа стана првата африканска селекција која успеала да се пласира во 1/2 финале на Светско првенство.
Човек на одлука беше Ен Несири, кој по една нафрлена топка највисоко скокна, и ја казни грешката на голманот Кошта во 42. минута.
Кристијано Роналдо влезе во вториот дел, но на крајот во тага го напушти стадионот и веројатно последниот настап на Светските првенства.
Треба да се истакне и голманот Јасин Боно кој имаше неколку добри интервенции во вториот дел.
