Само неколку дена по истекувањето на амонијак од превртена цистерна во близината на Пирот, Србија, ново истекување на амонијак се случи синоќа во Панчево, на северот од земјата. Овој пат истекувањето се случило од авто-цистерна.
Истекувањето се случило вчера околу 23 часот, а во моментов противпожарни и полициски екипи вршат увид.
Едно лице е во болница каде што му е укажана лекарска помош, додека дел од населението во локалните куќи каде се случил инцидентот се евакуирани.
Во декември минатата година, една цистерна со амонијак падна во реката Нишава, што предизвика бурна реакција по контактот на амонијакот со вода. Беа хоспитализирани над 50 лица, а надлежните упатија апели да не се излегува од дома, и да се затворат прозорците.
Училиштата и градинките тогаш беа два дена затворени.
