Ново мени, стара менза во „Гоце Делчев“, другите студентски домови ќе чекаат до 2024 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По шеснаесет години е променето менито, но не и мензата каде што јадат студентите на студенскиот дом „Гоце Делев“. Другите студенски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ подобри услови ќе добијат во 2024 година.  Илјади и двесте студенти се сместени во реновирани простории при студенскиот дом „Гоце Делчев“. Освен ентериерот променето е и менито кое студентите месечно ќе ги чини по 2 илјади и 400 денари.

Еден од нив е и Кристијан Мехов кој избегал од студенскиот дом од „Стив Наумов“. Тврди дека појадокот е катастрофален.

„Тогаш само што заврши годината со бонови во студенскиот дом „Стив“. Седев една година и беше катастрофа. Немаше ниту појадок. Едни исти плескавици и колбаси беа за ручек. Сега тука се има“, рече Мехов.

Во однос на греењето во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу” директорот на државниот студенски дом Дарио Николовски изјави дека доцнат затоа што инсталациите се стари и треба време.

„Се појавија непредвидени работи – стари инсталации кои не можат да ги предвидат реновирањата што треба да се случат. Ќе треба да се направи комплетно реновирање и на инсталациите за да може да се реализира проектот на промена на греењето во тој студентски дом. Од таа причина доцниме, но проектите се завршени. Штом заврши ревизијата, многу бргу ќе биде распишан и јавниот повикот“, вели Николовски.

Министерот Арбер Адеми вети дека во 2020 година ќе започне реновирање на 7 студенски домови кои ќе бидат завршени до 2024 година.

„Продолжуваме со реновирање и модернизација на инфраструктурата и во другите студентски домови. Лани потпишавме договор со KFW за 25 милиони евра за седум студентски домови кои ќе започнат да се реновираат Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Скопје“, изјави Адеми.

Од министерството за образование известија дека во крајна фаза е проектот за студентскиот комплекс „Стив Наумов” каде што целосно ќе се реновира зградата 1 и 2, а за подобрувањето на условите во иднина ќе треба да се заврши и реновирањето на  заедничките простории на домот „Кузман Јосифовски-Питу” и таа зграда да се направи енергетски ефикасна.