Ново сослушување за убиството на малата Данка, ќе присуствуваат и родителите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројца сведоци влегоа во Вишото јавно обвинителство во Заечар за случајот со убиството на Данка Илиќ (2) од Бор.

Денеска ќе сведочат Ж.Т. и Р.Т. од Бањско Поље. Тие се соседи на Илиќ во местото каде што исчезна Данка. Ќе сведочи и Д.Ј. од Бор кој наводно ги видел осомничените на депонијата.

На рочиштето присуствува и Живадин Богдановиќ, адвокат на Д.Д. осомничен на убиството.

Во обвинителството се вклучија и родителите на убиеното дете Милош и Ивана Илиќ.