Ново задолжување годинава од 600 милиони евра – 200 милиони за долг, а останатото за реализирање на буџетот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државата има доспевање од 200 милиони евра долг во текот на оваа година – 100 милиони на домашен и 100 милиони на надворешен пазар. Нето ќе имаме дополнително 600 милиони за да може да се реализира Буџетот, како што е проектиран и изгласан во Собранието, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими.

Процентуално јавниот долг во однос на БДП до крајот од годината се очекува да биде околу 63,4 проценти.

Прв пристап, нагласи Бесими, е рационализација, а втор е репрограмирање и кога ќе укаже потреби и ребаланс.

Инфлацијата, нагласи, тешко може сега да се процени во овој период, со оглед на драстичната промена на пазарите во Европа и светот по руската инвазија на Украина, но нашите неофицијални проценки се инфлација од 3,4 проценти во првата половина од годината.