Нумерологот Силјановска-Главинова: Не можев да го видам вирусот, затоа што е невидлив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нумерологот Мими Силјановска-Главинова е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Таа рече дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши во идната 2021 година.

Ја прашавме дали и вакцините ќе влијаат на престанокот на епидемијата, и на мислењето дека ќе ги „трнеме маските“ следната година.

„Не сум медицинско лице, не можам да кажам дали вакцината ќе влијае на престанокот на епидемијата. 2021 година е година на бројот пет, што значи ослободувања, патувања“, рече Силјановска-Главинова и додаде дека не можела да го види вирусот во 2020 година, затоа што е невидлив.

„Имав поставено прашање од пријателска, ми вели: ти кажа дека ќе биде многу тешка година, и дека ќе биде најтешка година за коментирање, но не кажа ништо за вирусот. И реков: не можев да го видам вирусот, затоа што не се гледа“, рече во „Клик Плус“ Силјановска-Главинова.

Целата изјава низ видео: