Обединетото Кралство се одмаздува и протерува двајца руски дипломати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако двајца британски функционери беа протерани од Русија во понеделникот, Обединетото Кралство ја укина акредитацијата на руски дипломат и неговата сопруга и тие сега ќе мора да ја напуштат земјата, јавува Би-Би-Си.

Во последниот од серијата реципрочни потези, британското Министерство за надворешни работи соопшти дека презема „итна реципрочна акција“ откако Москва обвини британски дипломат и неговата сопруга за шпионажа.

Обединетото кралсотво во соопштение ја обвини Русија дека ги фабрикува наводите „за да го оправда зголеменото вознемирување на британските дипломати“ и „активно се обидува да принуди затворање на британската амбасада во Москва“.

Рускиот амбасадор во Обединетото Кралство Андреј Келин вчера бил повикан кај висок претставник на Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението.

Службеникот „јасно стави до знаење дека Обединетото Кралство нема да толерира заплашување на персоналот на британската амбасада и нивните семејства“ и дека поради тоа се одзема акредитацијата на рускиот дипломат и неговата сопруга. Акредитацијата е признавање на дипломатскиот статус од страна на владата.