Обезбедување и блиски роднини се повикани во полициска станица на информативен разговор во врска со Сашо Мијалков, велат за ТВ21 од МВР.
Од МВР додаваат дека повикани се сопругата, синот и обезбедувањето на Сашо Мијалков.
Полицијата се обидува да дознае повеќе информации за Сашо Мијалков кого го нема од синоќа откако полицијата не успеала да го најде дома, како и на неколку локации низ Скопје, за да му го врачи решението за куќен притвор пред пресудата во петок за предметот „Таргет Тврдина“.
Денеска за Мијалков беше распишана и меѓународна потерница. Во моментов не е познато каде е екс директорот на УБК.
