Обид да се донесе законот за ЈО во последната минута

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Останаа уште три дена до распуштање на Собранието. Владата се обидува во последен момент да го донесе законот за ЈО, кој наиде на противење од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува вечерва владата да го затвори финалниот текст кој подоцна со европско знаменце да помине во Собрание на дебата која треба да трае три дена, толку колку што останаа до распуштање на Собранието. Екс премиерот Заев не е сигурен дали ќе обезбеди 80 пратенички гласа.

Лидерот на Социјалдемократите упати апел до неговиот политички ривал Мицкоски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ за поддршка, бидејќи, како што рече, во текстот е опфатено се она што опозицијата го побарала, но ВМРО-ДПМНЕ не мисли така.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски предложил законот да го напишат експерти од таа област, а како што рече  портпаролот Арсовски, сега е во рацете на Заев дали сака да го донесе законот за да не се попречуваат интегративните процеси или се обидува да ја силува демократијата со актуелниот закон.

Меѓутоа Заев денеска повторно спомна дека распуштањето на Собранието може да се одложи во случај некој да се обиде да блокира некое законско решение, како што може да биде доставувањето на амандманите од ДПМНЕ, нешто за кое Заев рече дека се договориле да не се случи.