Во институтот на судска медицина во Србија, заврши обдукцијата на бебето чие тело на крајот на јануари годинава беше пронајдено во замрзнувач на куќа во Земун. Обдукцијата покажала дека женското дете е родено мртво, како што тврдела мајката на детето во текот на истрагата.
“Бебето беше женско, утврдено е дека е родено мртво. Се очекува решение за притвор на мајката, како и прекинување на истрагата за овој случај. Решение се уште не е донесено”, соопштија од полицијата.
Лидија М.(47), мајката на бебето кое беше пронајдено во куќата во која живеат нејзиниот сопруг Зоран М.(62) и нивните четири деца, на распитот призна дека новороденчето е нејзино и рече дека го родила мртво.
