Облачно со врнежи од дожд и од снег

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на околните планини од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура во Скопје ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.