Обвинение за свирепо убиство при семејно насилство во Гостивар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „убиство“ според член 123 став 2 точки 1 и 2 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, имајќи ги предвид, како што стои во денешното соопштение од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.​​

– На 09.09.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото, се појаснува во соопштението од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.