Обвинителство за ТВ21: Јовески ќе присуствува на следните пратенички прашања во Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески денеска не можел да присуствува на собраниската седница на која беа поставувани пратенички прашања поради службена посета во Бугарија.

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија во изминатите денови оствари службена посета на Обвинителството на Република Бугарија, поради што не беше во можност да присуствува на собраниска седница“, велат од Обвинителството за ТВ21. 

Од обвинителството велат дека Јовески на следните пратенички прашања ќе биде присутен.

„На следна покана за учество на седница во Собранието на РСМ во следниот период Јавниот обвинител на РСМ Јовески ќе учествува“, соопштија од Јавното обвинителство.