„Очекувам Бугарија да добие функционален парламент за добивање на зелено светло за ЕУ“, рече Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Сакам да им посакам среќа и успех на Бугарите на изборите утре. Важно е секоја држава да има стабилен парламент, така и нашиот источен сосед“, рече премиерот Зоран Заев денеска од Виница.

Тој изрази надеж дека Бугарија ќе добие парламент кој ќе го одблокира процесот за Северна Македонија во ЕУ.

„Очекуваме функционален парламент за добивање на зелено светло за одблокирање на нашиот пат кон ЕУ. Се надевам дека изборите ќе бидат успешни. Јас објавив дека не се откажуваме, продолжуваме и продолжуваме додека не го отвориме прашањето. Останува да се избере бугарскиот парламент и да имаме надеж да се донесе одлука за почеток на преговорите со ЕУ. 17 години сме кандидат, и верувам дека добивањето на датум ќе се случи до крајот на оваа година“, вели Заев.