Од 1. декември хрватските државјани ќе патуваат во САД без визи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Република Хрватска влезе во Програмата за укинување на визите, и сите хрватски државјани најдоцна од 1. декември ќе може да патуваат во САД без визи.

Најдоцна до 1. декември ќе биде ажуриран Електронскиот систем за авторизација на паатувањата, за да им се овозможи на граѓаните на Хрватска да може да поднесуваат барања за патување во САД поради туризам или бизнис во траење до 90 дена без виза.

Станува збор за важен чекор кон понатамошно зајакнување на долгогодишната соработка меѓу двете земји.

Оваа вест Хрватска ја чекаше долги години, и конечно годинава ќе стане реалност.

Инаку и Македонија најави формирање на работна група која ќе работи за влез во системот со кој граѓаните на нашата земја ќе може да патуваат во САД без визи до 90 дена. Ова го најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.