Од 1-ви март One Stop Shop кон Косово, во 2024 рекорден број на увезени автомобили во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако патувате кон Косово од 1-ви март намалено ќе биде времето на чекање.

Николовски: Во соработка со косовската царина и косовското министерство за внатрешни работи работиме на тоа. Сметаме сите заеднички дека некаде можеби 1-ви март.

ТВ21: Оваа година?

Николовски: Да оваа година.

ТВ21: Значи за еден месец од сега?

Николовски: Оваа година сигурно ќе профункционира One Stop Shop на Блаце и на Јажинце и за таму сме спремни.

А тоа значи:

• олеснување на трговијата
• подобрување на конкурентноста на компаниите
• намалување на времето на чекање на граница
• поголема безбедност на границата и намалување на корупција

-Ние како царинска управа својот дел го завршивме 95%. МВР исто така активно работи на ова поле. Системски прашања сега се решаваат во делот на дигитализација на системи, изјави Бобан Николовски, директор на Царинска управа.

Во Дејли Клик со директорот на Царинската управа разговаравме и за увозот на автомобили. Минатата 2024 податоците покажуваат најголем број на увезени автомобили во текот на една година од 2010 година наваму. Дали е потребно намалување на царините за увоз на нови возила?

-Да се согласувам треба се размислува на тоа прашање, но дефинитивно ќе ги известиме јавно граѓаните откако ќе почнеме да размислуваме или да ги промениме царинските давачки за половните моторни возила, изјави Бобан Николовски, директор на Царинска управа.

Во Македонија секоја година се увезуваат повеќе употребувани отколку нови возила.