Од 15 ноември во кафеани само со 2 примени дози – Владата ги ублажи мерките за свадби и ноќни клубови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во ноќните клубови, локали и рестораните за свадби ќе биде дозволено организирањето на прослави. Владата одлучи да биде дозволено и организирање на концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани со капацитет до 50%. Независната комора на угостителите смета дека ваквата одлука е задоцнета.

Од 15 ноември исто така за влез во хотелски објекти, трговски центри, казина и обложувалници или за учество на настани, задолжително ќе биде приложувањето на сертификат за извршена имунизација со две дози на вакцина, или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Јосифовски вели дека барањето сертификати при влез во кафеани е непотребно и негативно се одразува врз работата на угостителите. Додава дека нема потреба од вакцини бидејќи граѓаните се свесни и има протоколи за работа на кафеаните и рестораните за заштита од Ковид-19.

Вели дека претрпеле големи финансиски загуби со оглед на малиот процент на вакцинирани граѓани. Инаку, од 16 август стапи на сила одлуката за потребен сертификат за вакцинација при влез во угостителските објекти или најмалку да имате една примена доза од некоја од вакцините против ковид -19.