ОД 20:00 АНГЛИЈА – ФРАНЦИЈА: Погледнете ги составите – Мароко чека противник во полуфиналето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Англија и Франција од 20 часот го играат ПОСЛЕДНИОТ четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар.

Победникот од овој меч во полуфиналето ќе се сретне со Мароко, кој направи ново изненадување и откако Шпанија ја елиминира Португалија со победа од 1:0.

Двете екипи беа на првото место во своите групи, но ниту една екипа немаше 100% учинок.

Англија ремизираше со Соединетите Американски Држави, додека Франција загуби од Тунис. Во осминафиналето Англичаните ги победија Сенегалците со 3:0, а Французите ги победија Полјаците со 3:1.

Состави

Англија: Пикфорд – Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо – Хендерсон, Рајс, Белингем – Сака, Кејн, Фоден

Франција: Лорис – Кунде, Варан, Упамекано, Ернандез – Рабио, Чоамени, Гризман – Дембеле, Жиру, Мбапе