Од 330.000 заинтересирани, 150.000 вакцинирани – „Побрза мобилност низ светот за вакцинираните граѓани преку „Оракл“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од вкупно заинтересираните 330.000 граѓани, досега вакцинирани се 150.000, а втора доза примиле 25.648 граѓани.

Во моментов, вакцинацијата во земјава се одвива со вакцините на „Синофарм“ и „Фајзер“, а со руската „Спутник“ се врши само ревакцинација.

Во земјава вчера пристигнаа 6.000 дози од вакцината „АстраЗенека“ донација од Унгарија, а утре треба да стасаат 38.400 преку Ковакс механизмот.

Од Владата најавуваат можност за соработка и инвестиции со глобалната ИТ компанија „Оракл“ во делот на менаџирање со податоци при справувањето со КОВИД-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет.