Од 400 милиони евра на 200 во БДП од туризам – „Можеме да учиме од Албанија за дојдовен туризам“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако во 2019-та бевме на чекор до рекордот од еден милион туристи во земјава, оваа година не посетиле околу 140.000 странски туристи. 400 милиони евра или 2,8 % е учествувото на дојдовниот туризам во БДП, а годинава е преполовен на 200 милиони евра или учество со околу 1% во БДП.

„Ако споредуваме со 2019-та која беше рекордна година за македонскиот туризам, најуспешната година, навистина резулаттите се катастрофални. Во 2020-та година 99% од странските туристи ги изгубивме и тоа официјални по статистички податоци така да резулатите се празителни и за оваа година.“, рече Сулев.

Не може вели Сулев да се инвестира во промоција на туризмот во Макеоднија, а резултатите да ни доаѓаат од надвор. Мора стратешки да се постават работите и системски промени за позначајни резултати.

-Верувајте ми дека ние имаме тур оператори кои во 2019-та направиле обрт од 10 милиони евра. Тоа е многу сериозен обрт. Коишто оперираат и во Македонија и во Србија и во Црна Гора и во цел Балкан. Квалитетот не е тоа што недостасува. Ние како македонски тур оператори 80% од промоцијата ја насочуваме кон Макдонија, а 20% кон регионот. Профитот којшто го имаме 80% доаѓа од балканските дестинации, 20% доаѓа од Македонија.-рече Сулев.

На светско ниво туризмот учествува со 11% во БДП. Да не одиме подалеку само во соседна Албанија туризмот учествува со 20%, од кои само 10% од приморските градови. Како држава вели Сулев имаме капацитет слободно дојовниот тиризам да учествува барем со 10 % во БДП.