Од 8. февруари, Швајцарија ќе бара негативни тестови на коронавирус од луѓето кои во земјата влегуваат од високо ризични подрачја, соопшти денеска Владата.
Швајцарската влада исто така предложи да се дуплира фондот со кој се финансираат федералната и кантоналната влада за поддршка на фирмите кои се тешко погодени од ограничувањата поради спречување на ширењето на коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека Владата е подготвена да активира шема за пружање на државни гаранции за банкарски позајмици на компаниите, доколку се влоши пазарот на кредити.
Швајцарија овој месец ги заостри мерките во борбите против новите видови на коронавирусот. Здравствените власти пријавија повеќе од 515 илјади случаи на вирусот, и 8500 смртни случаи во Швајцарија и во Лихтенштајн од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година.
