Од денеска храна и кафе само за носење, угостителите: „Новите мерки ќе предизвикаат колапс за рестораните“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Празни кафе барови и ресторани. Вака изгледа најфреквентната улица во Скопје. Најголем број од локалите ставиле катанец, а мал дел пред врата ставиле табли со натпис „Кафе и храна за носење“. „ Take away“, „Достава до вашите канцеларии“, бидејќи овие услуги можат да ги нудат преку шалтер.

„Работиме само со нарачки. Take and go. Да, само со нарачки.“

Овој кафе бар од утрово немал ниту една нарачка. Ние бевме првите „гости“ во локалот.

Дали работевте денеска? -Слабо.

Претседателот на Независниот угостителски синдикат, Здравко Јосифовски, вели дека овие мерки ќе ги уништат сите угостители.

Мал број на граѓаните практикуваат да купат храна или кафе за носење.

„Од денеска граѓаните не можат да пијат кафе внатре во локалите или да јадат во рестораните. Тие можат да земат кафе или храна и да си одат. Во меѓувреме можат да нарачуваат и онлајн.“, јавува репортерката на ТВ21.

Јосифовски додава дека можноста за услуги од шалтер е измама за угостителите бидејќи не можат да ги покријат трошоците.

И обложувалниците можат да работат само од шалтер. Од вчера се затворени спортските сали, а забрането е организација на конференции, семинари, обуки и курсеви. Новите мерки беа усвоени од Владата пред два дена по предлог на Комисијата за заразни болести. Инаку, кај нас, од вчера е продолжен полицискиот час кој трае од 20:00 часот до 05:00 часот наутро.