Од денеска угостителите ќе работат до 21 часот – за НУК финансиските мерки на Владата се поважни од работното време

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Сет економски мерки, но само за Угостителската индустрија. Независната угостителска комора не е  оптимист дека и со петтиот пакет антикризни мерки ќе бидат доволно вклучени и помогнати за одржување на нивната дејност. Угостителите не само што добиле најмалку, туку не добија ниту субвенции ниту можност да аплицираат и да користат кредити, заради големиот број на услови кои беа опфатени во владините финансиски сетови.

„Наместо како одговор да добиваме “ЌЕ” видиме и “ЌЕ” разговараме го замолуваме Вицепремиерот Битиќи итно и побрзо да го прецизира терминот за работна средба доколку навистина Владата и ресорните Министерства имаат сериозни намери со 5тиот сет мерки да донесат одлуки и мерки за РАЗУМНА ПОМОШ И ПОДДРШКА ВО РАМКИТЕ НА ВОЗМОЖНОТО  директно наменети за угостителската индустрија“, се истакнува во соопштението од НУК.

реклама

„Рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот. Веќе следната недела ќе се разгледува одлуката за продолжување на нивното работно време до 23 часот“, вели репортерката на ТВ21.

Веќе и не е толку  важна дискусијата околу работното време, велат од НУК. За нив многу побитни се  мерките кои Владата ќе ги донесе за одржување во живот на угостителската индустрија.

реклама

„Во однос на работното време без разлика дали ќе се укине целосно дали ќе се враќа сукцесивно угостителите во наредниот период нема да се вратат целосно во својата функција затоа што и понатаму ќе бидат протоколи за работа со кои ќе постојат други ограничувања“, посочи Здравко Јосифовски.

Вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, реагираше на  забелешките, на угостителите.

реклама

„Сметам дека недоволно веројатно меѓусебно сме искрени. Сметам дека угостителскиот сектор и те како е помогнат“, вели Фатмир Битиќи.

„Изјавата на Вицепремиерот Битиќи, дека не сме искрени, дека сме добиле многу повеќе од тоа што добиле останатите, ние денеска со соопштение излеговме да се излезе со конкретни бројки и точно да се каже колку угостителската индустрија од едната милијарда пакет сет мерки минатата година навистина завршиле кај угостителите“, вели Здравко Јосифовски.

Се додека важи рестриктивното работно време ,угостителите нема да можат да работата 100 проценти истакнуваат од НУК. Додаваат дека ќе ги искористат сите законски можности а во иднина доколку тоа биде потребно ќе пристапат и кон поригорозни мерки во заштита на својата дејност.

реклама
реклама
реклама