ОД ДНОТО, ПА ДО ВРВОТ: Го победила канцерот, родила трето дете – сега е успешна бизнисменка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Наталија Бургиева од успешен финанасов менаџер во повеќе корпорации, пред шест години имала тежок период во кој се нашла на маргините на општеството. Во време на тежок здравствен проблем, канцер на матка, се разведува и останува како невработена, самохрана мајка да се справува со сите предизвици на новонастанатите ситуации.

„После 2-3 пати обиди со конвенционалната медицина да ги надминам тие предизвици и трошење на многу пари, бидејќи во Макеоднија е скапо да се обезбедат основни здравствени услуги, излезе дека болеста не се повлекува. Решив да се едуцирам како можам алтернативно да си помогнам и излезе дека треба да го променам начинот на којшто се хранам, т.е диетата. Па така преминав од конвенционално во органско произведена храна која значително влијаеше на моето здравје“, вели Наталија Бургиева.

По неколку контроли, имало видно подобрување на нејзиното здравје. Затоа решила да им помогне и на луѓето кои се соочуваат здравствен проблем како нејзиниот. Но, во меѓувреме ја потрошила заштедата и требало да масли како да заработи за неа и двете деца.

„Јас со децата буквално бев оставена во незавидна фиансиска ситуација. Исто и станбено прашање. И морав да мсилам како да си помогнам себе и на околината.Имавме помош од некои хуманитарни организацииои кои ни даваа храана и други работи, меѓутоа таа храна се салам, виршли, паштети нешто што не беше дел од мојата диета. И како да се одгледа храна во мал простор ? Јас сум од Аеродром од урбаната  џунгла на Скопје. Земав да учам некои принципи од Холандија, бидејќи е позната по урбаното градинарство“, порача Наталија Бургиева.

Како што вели, таму се користи биоотпадот. И наместо да се фрла и да загадува, бидејќи е трет најголем причинител на климатските промени, од него може да се направи вредност. Со тоа може да се обезбедат и приходи за социјално загрозени мајки. Наталија како претприемач по природа размислила дека ова решение може да се имплицира и на поголема скала. Да се креираат работни места за самохрани мајки, а притоа да се влијае на климатските промени и да се грижиме за околината.

Да се намали и трошокот кој Град Скопје од над 8 милиони евра за транспорт на отпадот од Дрисла. Аплицирала на конкурсот на „Арно“ , „ Зелени идеи“ во 2016-та година и победила на национално ниво. Добила основни средства за да го  регистрира бизнисот. Со помош на Агенција за вработување основала бизнис, за денес да третираат по  6 тони биоотпад на ден. А кога сме кај нејзината здравствена состојба се чувствува одлично родила и трето дете, по серозните здравствени проблеми со матката.