Од движењето „Стоп Русино“ не планираат да престанат со протестите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од движењето „Стоп Русино“ не планираат да престанат со протестите.

Тие донеле одлука да го блокираат влезот на гостиварската депонија за уште нови десет дена.

Во вестите на ТВ21 во 15:15 часот во живо разговаравме со Осџан Врескала од Движењето „Стоп Русино“.

„Нашите претставници имаа состанок со градоначалникот и неговиот тим, а на состанокот се разговараше за неколку теми на коишто крајниот заклучок е дека имаме заедничка цел, а тоа е да се затвори Русино и да престане труењето во Гостивар“, истакна Врескала.

Тој додаде дека Русино не е соодветна локација за депонија и нивното најпрво барање е истата да се затвори.

„Исто така, треба да се најде нова локација за нова депонија по европски стандарди“, порача Врескала.

Нова блокада на Русино – „Стоп Русино“ не се откажува

Нова блокада на Русино – „Стоп Русино“ не се откажуваВо живо во вестите на ТВ21 разговаравме со Осџан Врескала од Движењето „Стоп Русино“

Gepostet von TV21 am Dienstag, 11. August 2020