Полнат вода за пиење и миење садови во шишиња. Село Батинци, општина Студеничани, е без вода во последните 8 години. Револтираните жители случајот го пријавија во емисијата „Јави се на ТВ21“
Печалбарот, Селам Џеладини, кој дошол од Италија за да го помине Рамазан во својата татковина, е разочаран поради ситуацијата, бидејќи како што вели не може да оди ни во тоалет.
„Вчера дојдов за Рамазан да постам, но и животот ми се одмили кога дојдов овде. И мојата куќа ми се одмили! Зошто, затоа што ќе одам сабајле и ќе пуштам водата, како што рече оџата, прво треба да провериш дали имаш вода пред да одиш во тоалет. Со што? Ова е најголемиот проблем. Последниве 8 години сме без капка вода, и зима и лето го имаме овој проблем, нонстоп“, вели Селам Џеладини.
Џеладини рече дека целото село се снабдува со вода од бунарот на кој е поставена пумпа за вода во селото, но не ја користат за пиење.
Градоначалникот на Студеничани, Азем Садику рече дека подготвуваат проект кој ќе биде готов за една година.
„Подготвуваме проект да го вклучиме тој дел од селото Батинци со водоводот што го носиме од Салаковското Езеро до населените места во висорамнините, Долно Количане , Горно Количане, Црвена вода и така натаму, а нашата идеја е да започнеме проект за поврзување на делот од Дрецнција во Батинци и селото Драчевица како оваа општина“, вели Азем Садику.
Инаку, одговор побаравме и од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, но до ова ново издание не добивме одговор. Повеќе детали на оваа тема можете да проследите утре во емисијата „Јави се на ТВ21“.
