Од кори до шербет – стара традиција на подготовка на кичевска баклава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред камера не сакаат да зборуваат, ниту да се фалат, но кога се работи за баклава, кичевки се неуморни!

Во пресрет на Курбан Бајрам ги засукаа ракавите и ги расукаа корите.

Баклава се прави секој град, велат домаќините, но секое место има своја традиција на подготовка.

Тајната често лежи во подготовката на тестото. Во кичевската традиција рецептот е зачуван и наследен од генерација на генерација .

Потребно е  брашно, млеко и домашни јајца, велат домаќинките, формирајќи топчиња кои се оставаат 3 часа да стасаат.

По сучењето се готови за ставање во тавата.

Ренданите ореви се неопходни за полнење. Ред кора – ред ореви.

Најтешкиот дел е сечењето, кое бара многу грижа и внимание!

Печете скоро два часа, внимавајќи да не претерате со печењето.

Шербетот е трик сам по себе, за кој ќе треба време да се научи!

По повеќе од 6 часа, кичевската баклава е готова, додека на гостите ќе им биде послужена на денот на Курбан Бајрам. Тоа е прекрасен деликатес, велат  домаќинките од куќата зад камерите, но се жалат дека новите генерации многу малку знаат да го подготват овој традиционален десерт, туку полесно им е да го купат готов.