Од Нигерија во Македонија – уникатен кандидат за градоначалник на Штип

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прв пат во Македонија дошол како студент, со програмата за размена на студенти меѓу Нигерија и Југославија. Планирал да се врати во неговата татковина, но љубовта го задржа во Штип.

Ова е Симон Поликарп (61) кој се кандидира за градоначалник на општина Штип.

Но, зошто одлучи да се кандидира за градоначалник?

Кандидатот на „ИНТЕГРА“ е свесен дека доколку победи нема да може да направи многу во 10 месечниот мандат, но трите главни работи кои сака да ги направи се развој на текстилната индустрија, проширување на туризмот на бањите со минерална вода и претоварањето на Штип во студентски град.