Од општината велат дека наскоро ќе ги санираат – снегот оштети бандери, животот на граѓаните во опасност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скоро една недела овој столб стои вака. Откако падна првиот снег во Кичево, столбот во населба Ивандол е во ваква состојба. Цела недела Кичевци се соочуваат со проблеми со електричната енергија и со падот на неколку столбови на струјата или јавното осветлување. Како последица на снегот, столбовите се искривени и тешко дека ќе можат да ги издржат следните врнежи на снег. Овој камион се заглави во кабелот на овој столб кој скоро падна.

Жителите се загрижени поради можните последици од падот на овој столб. Бараат истиот да се поправи бидејќи претставува опасност.

Јовановски вели дека побарале од општината да го решат овој проблем, но од таму добиле одговор дека нема тендер и не можат да преземат ништо.

ТВ21 првично се јави во ЕВН од каде веднаш излегоа на терен и ни кажа дека столбот е во надлежност на општината бидејќи е столб на јавното осветлување а не на ЕВН. Контактиравме и со претставниците на Општината од каде рекоа дека проблемот веќе е среден.