Шест лица по експлозијата во Романовце, беа пренесени во Скопје, од кои три во Клинички центар, и три во болницата „Св. Наум Охридски“.
На Клиника сите три лица се приклучени на апарати за дишење, и сите три се во тешка здравствена состојба, особено две жени кои што имаат изгореници над 80%, а мажот има изгореници од прилика 45%.
Во болницата Св. Наум Охридски примени се три лица, две жени со 31 годишна возраст, бремена жена на 28 години, како и десетгодишно дете.
31-годишната жена е во тешка состојба и со изгореници од 80%, и изгореници на дишните патишта, додека ситуацијата со бремената жена засега е стабилна со 25% изгореници по телото. Критична е ситуацијата и со детето кое има 70% изгореници.
Билансот на загинати во експлозијата на плинска боца изнесува четири лица.
