Од скромен живот до претседателски луксуз, семејството Парадес од Перу се подготвува за инаугурација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Идната прва дама на Перу се подготвува за преселување. Го чисти скромниот дом во Ангина на северо-западот од земјата.

Ја пакува облеката од двете малолетни деца и сопругот кој е идниот претседател на Перу. Ова е животот на кој е навикната, далеку од луксуз и претседателската резиденција во главниот град.

„Реков, одиме за да работиме, не обрнуваме внимание на палатата.“, изјави Лила Паредес.

Вели дека ќе направат работи кои досега никој не ги направил, најповеќе за сиромашните.

Пред да замине, на миса се прости со соседите.

„Ние сме скромни луѓе, вие тоа го знаете. Никогаш нема да заборавиме од каде сме и каде треба да се вратиме, јавната функција нема да трае засекогаш.“, изјави Паредес.

Нејзиниот сопруг, Педро Кастиљо ќе биде инаугуриран за четири дена. На функција треба да биде пет години.

„Имам отворено срце за секој од вас. Овде нема место за омраза, нема разлики.“, рече Кастиљо.

Најголем дел од кампањата ја одработи во гумени чизми со шешир на главата. Неговите приврзаници се од рурални делови на Перу. Скоро 25 години работеше како учител во селското училиште.

Оваа мајка на негов поранешен ученик исто така е повикана на инаугурацијата.

„Рече, сите ние сме Перу и сакам мои луѓе да бидат присутни.“, рече Мариа Медина.

На вакви тешки физички работи идната прва дама може да заборави. Иако на располагање ќе и биде се, родителите сакаат нивните деца настава да посетуваат во јавно училиште што ќе биде прв таков случај во Перу по долго време.