Од Србија ќе пристигнат хеликоптери за целосно локализирање на пожарите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев вечерва беше на терен во селото Тркање, од каде информираше за помошта која ќе ја добие градот Кочани по големата огнена стихија која го зафати овој град.

Заев вели дека остварил контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ каде било потврдено дека ќе испратат хеликоптери за целосно локализирање на пожарите во источниот предел на Македонија.