„Од срце за Леонид Индов“ – Хуманитарна акција од учениците од 23 скопски училишта

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

“Од срце за Леонид Индов“ се вика акцијата на учениците од 23 средни училишта во Скопје за собирање пари за нивниот врсник кој се лекува во Австрија.

Во средното училиште Ѓорѓи Димитров сите кои сакаа да помогнат, купија разни работи изработени од учениците, пари кои ќе бидат донирани за лекувањето на Леонид.

Оваа акција е реализирана бидејќи ФЗО не ги платил лекарските интервенции направени во Австрија.  Според ФЗО, вината е во лекарската комисија од прв степен која не ги навела специфичните барања за пациентот да добие одобрение за рехабилитација, но и неизменетиот закон со кој таа рехабилитација не е дел од трошоците кои ги покрива ФЗО за лекување надвор од земјава.

Инаку пред неколку недели здравствените власти и претставници на МВР објавија видео од Леонид кој беше испратен на лекување надвор од земјава со медиокоптерот. Но семејството на Леонид инсистира Фонодт да ја смени одлуката бидејќи доколку имало услови Леонид да се лекува овде, не би го праќале во Австрија.