Од утре нема да важи бесплатниот превоз за пензионерите во автобусите на ЈСП

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЈСП соопшти од утре го укинува бесплатното користење на јавниот превоз за пензионерите.

„Ве информираме дека од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.“, соопштија од ЈСП.