Среде куршуми и бомби, деветчлено семејство побегна од Запорожје, Украина и се засолни во Струга.
По ужасот низ кој поминале, сега се чувствуваат безбедно, но се загрижени за роднините и пријателите кои останеле таму.
Володомир Теретјатко за ТВ21 раскажува за патувањето до Северна Македонија, сам со деца и жени, а како аманет ја зел другарката на својата најстара ќерка, чии родители останале во Украина да помогнат.
„Да, поголемиот дел е семејство, но со нас има едно девојче, таа е другарка на мојата најстара ќерка, нејзините родители не можеа да дојдат од нашиот град и побараа да ја земеме со нас“, истакна Володомир Теретјатко.
Володомир вели дека луѓето во Струга се многу љубезни и гостопримливи.
„Овде луѓето се многу добри, ова е многу убаво место, има спокојство“.
Руфије Хани, госпоѓата на куќата која им ја отвори вратата на овие Украинци, вели дека се чувствуваат задоволни од своите гости и се среќни што помагаат.
„Драго ни е што можевме да помогнеме на некој начин, бидејќи не можеме поинаку“, истакна Руфије Хани.
И Володомир , зборувајќи за руската окупација на Украина, ја нарече вистинска катастрофа, но додаде дека многу Руси не се согласуваат со војната во Украина, која се надева дека ќе заврши што е можно поскоро.
„Многу е тешко, тоа е голема катастрофа за Украинците. Имаме сѐ што ни е потребно. Благодарност до Македонците, Албанците, на сите во државата. Добро сме“.
