Одбојкарките на Работнички го совладаа Вардар ЕМ со 3-0, тренерот Христов задоволен (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одбојкарките на Работнички го совладаа Вардар ЕМ со максимални 3-0, во скопското дерби. Така тимот на Работнички дојде до третата победа во првенството.

После натпреварот тренерот Глигор Христов го искажа своето задоволство од играта и од резултатот на овој натпревар.

„Задоволен сум од резултатот. Шанса добија и оние одбојкарки кои не играа во досегашниот дел на првенството. Можеби можевме и поквалитетно да одиграме, но резултатот покажува дека бевме на ниво. Ова ни е подготовка за дербито во среда против Струмица, така што искористивме некои тактички варијанти подготвувајќи се за нив. Не очекуваат уште 10 кола од првиот дел од македонското првенство, се надеваме дека достојно ќе одговориме на нашите задачи“, рече Христов.