Одзел алати, па по неколку часа ја запалил камп приколката на ЈП „Паркови и зеленило“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 01.02.2020 во 12.45 часот во Полициска станица Гази Баба било пријавено дека на кеј на река Вардар во населба „Ќерамидница“ настанал пожар при што била опожарена камп приколка, сопственост на ЈП „Паркови и зеленило“. Претходно, во текот на ноќта помеѓу 31.01.2020 и 01.02.2020, непознат сторител насилно влегол во приколката и одзел алати. Пожарот е изгаснат, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на на случајот.