Светското првенство во 2022 година во Катар, ќе биде „уникат“ со оглед дека ќе се игра во невообичаен период, односно во ноември и декември. Ова го обелодени ФИФА денеска, откако официјално потврди дека првенството ќе се одржи на крајот од годината.
Причината за ова се високите температури во таа земја која ја доби организацијата. За овој термин долго време се шпекулираше, па дури се споменуваше и поместување на Мундијалот на друга локација.
Но, дефинитивно е јасно дека сега Светскиот шампионат ќе биде игран во Катар и тоа за прв пат во историјата на крајот од годината.
СП 2022 година ќе биде организирано од 21 ноември до 18 декември.
