Охрабрувачки бројки: Драстичен пад на жртвите од коронавирус на дневно ниво во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Италија денеска починаа 147 лица од коронавирусот, што е за 300 лица помалку од вчера, и статистички најмал број од 10. март.

Бројот на нови случаи е 1.389 лица, што е исто така пад од претходните денови, пренесува „Ројтерс“.

Овие податоци се охрабрувачки за Италија, особено после утрешното попуштање на мерките.

Од почетокот на епидемијата во Италија починаа 28.884 луѓе, а заразени се над 219 илјади лица.