Замрзнувањето на цените нема да ја промени цената во хотелите, напротив, летово ќе има поскапувања на хотелите во Охрид и Струга. Од ХОТАМ велат дека и со ова поскапување остануваме земја со најевтини цени на Балканот, па очекуваат во наредните години и понатаму да има поскапување.
Со доаѓањето на пролетта стигнаа и туристите, па Блажески очекува многу добра сезона. Тој го спомна и фактот дека во текот на летото се очекуваат од 5 до 9 летови неделно со странски туристи.
Најголем број туристи на Охридското езеро се очекува да бидат од Турција, Норвешка, Полска и Англија.
