Рокот за почеток на „Оне стоп шоп“ на граничниот премин „Блаце“, меѓу Македонија и Косово, неколку пати досега се одложува. Последниот беше денеска.
Граѓаните и натаму чекаат. Ова ќе треба да го реши проблемот со километарски колони чекање.
Дали бевте запознаени дека „Оне стоп шоп“ требаше да почне со работа?
„Да. Не знам дали е направено или не“.
Дали денеска видовте дали е направено или не?!
„Не, сè уште не е направено“.

„Најавено е но изгледа одложено е за 2 недели.“
Како го коментирате ова неспроведување?
„Не знам како е договорот, има неколку ситни работи….“
Дали често доаѓате во Македонија?
„Според потребите!“
Чекате долго кога доаѓате?
„Да.“
Првично беше планирано да почне од денеска, но овој рок не беше запазен.

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, во јануари изјави дека системот наскоро ќе започне со работа, додавајќи дека работните групи од двете држави работат на негово усогласување.
Изет Меџити: Сите заедно оценуваме дека некаде можеби на 1 март.
Оваа година?
„Да, оваа година. Оваа година сигурно ќе профункционира „Оне стоп шоп„ во Блаце и Јажинце, и таму сме спремни. Е сега, одредени инфреструктурни интервенции треба да се направат, но се минимални, тоа треба да профункционира“.
На 21 февруари, Меџити заедно со Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и минисерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла го посетија преминот.
Од Косовска амбасада во Скопје известија дека „Оне стоп шоп“ ќе започне со работа од 14 април. За одложувањето рекоа дека е поради последните технички подготовки.
