Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во југоисточниот дел на Турција, во подрачје кое во 2023 година беше погодено од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.
Турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот бил со епицентар во округот Каракопру, во областа Шанлиурфа, и дека бил регистриран во 10:40 часот по локално време.
Земјотресот бил почувствуван во Шанлиурфа, како и во Адијаман, Газиантеп, Дијарбакир, Елазиг и во повеќе околни провинции, пренесува „Ен сон хабер“.
