Опозицијата бара Влада за национален спас – Владата подготвена да сослуша, но не и да реализира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата е подготвена да ја сослуша идејата на опозицијата за проширена Влада само како предлог, но како што изгледа не планира идејата да ја преточи во реалност. 

„Секоја идеја е добредојдена. Мислам дека опозицијата во овие моменти би требало да се фокусира на конструктивни идеи околу тоа како да се справиме со кризата и да помогне во процесот на справување со економската и здравствената криза, па дури потоа да зборува за нешто друго“, посочи Фатмир Бесими.

Ваквата идеја првично ја изнесе од генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој предложи формирање проширена Влада за справување со пандемијата, предлог кој наиде на поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Проширената Влада, дел од која би биле сите политички актери, првиот човек на АА, Зијадин Села ја гледа како начин за креирање баланс со кој би се контролирале владините политики.

Пред три недели, премиерот Зоран Заев, на прашањето на ТВ21 околу оваа идеја, исто како денеска Битиќи, рече дека е подготвен да слушне идеи, но изрази песимизам дека опозицијата би донела нешто добро во Владата.

Актуелната власт има кревко мнозинство во Собрание од само 62 пратенички гласа. Последниве недели имаше и пратеници во изолација кои или се заразиле или пак имале контакт со лице со Ковид-19. Како резултат на тоа, присуството на опозицијата честопати беше неопходно во законодавниот дом, бидејќи не се постигнуваше  потребниот кворум.