ВМРО-ДПМНЕ инсистира на измени на законот за Влада, преку кои се бара укинување на Техничка Влада.
Собранискиот спикер, Талат Џафери, е подготвен измените да ги стави на седница но под услов да се потпишат четирите најголеми политички партии, исто како што беше потпишан договорот за усвојување на овој закон.
Но, дали партијата на Мицкоски ќе успее да ги собере потребните потписи.
ДУИ и СДСМ се подготвени да го укинат Законот за техничка Влада, но АА е таа која не ја потпишува оваа иницијатива. Според нив, Техничката Влада не ја постигна целта за која е донесена затоа, како што велат, треба да остане.
ВМРО-ДПМНЕ освен укинувањето на Техничката Влада има и други барања. Да се оди на предвремени избори, а претседателот Мицкоски бара да се намали бројот на пратеници во Собрание од 120 на 90.
Од СДСМ ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека не работи ништо и дека постојано ги има истите барања.
Инаку партијата на Села, АА, бара предвремени парламентарни избори бидејќи, како што велат, Владата нема легитимитет, но од СДСМ велат дека изборите ќе бидат регуларни и ќе се одржат на крајот на мандатот, односно по 2.5 години.
