Општините ги потпишаа договорите во Владата, обезбедени се 4,1 милијарди денари за вкупно 274 општински проекти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалниците ги потпишаа договорите во Влада за првата транша од предвидените 250 милијарди евра, откако беа прифатени нивните проекти објавени од Министерството за локална самоуправа. Премиерот Мицкоски рече дека дел од средствата ќе бидат реализирани во овој буџет, додека останатиот дел ќе бидат обезбедени со буџетот за идната година.

-Денес склучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од 4.1 милијарди денари. Денес се потпишуваат договорите кои се темелат на шест владини одлуки, поделени на шест клучни ресори, каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

За оние општини кои не им беа прифатени договорите или отфрлени поради непотполна документација, меѓу кои беа град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце, Мицкоски рече дека останува за нив дополнителниот рок.

-Рокот е продолжен до 15 ноември, ме информираше министерот за локална самоуправа, така што ќе имаат простор до 15 ноември да достават тоа што им недостасува но дел од овие општини кои што ги споменав исто така имаат проекти кои што се одобрени но недостасуваат некои од документите и тие ќе треба исто така да ги дополнат документите до 15 ноември и оваа бројка од 270 и нешто проекти да дојде 330, 340, 350. Така што сите ќе бидат опфатени кои што имаат капитални инвестиции, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку, средствата се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Другиот дел од средствата ќе бидат наменети за бизнис секторот.